Француската центристичка влада на Макрон преживеа две гласања за недоверба
Центристичката алијанса на Макрон го загуби своето парламентарно мнозинство во јуни, што го отежнува усвојувањето на законите на неговата влада во Долниот дом на Парламентот, каде што се соочува со повеќе амандмани на буџетот на опозицијата.
Лидерката на екстремната десница Марин Лепен рече дека употребата на членот 49.3 ја покажува „слабоста на Владата и пред сè нејзината неспособност да се обедини и да игра демократската игра“ и го осуди „одбивањето на Владата да разговара и да прифати компромиси“.
Дебатата во Националното собрание доаѓа по неколкунеделните протести на работниците во складиштата за гориво кои предизвикаа недостиг на бензин. Минатата недела, десетици илјади демонстранти излегоа на улиците барајќи зголемување на платите поради инфлацијата.
И покрај губењето на мнозинството, Центристичката алијанса на Макрон сè уште има најмногу места во Националното собрание со 250 членови.
Непокорни е најголемата опозициска сила и има 151 пратеник, додека партијата Национален собир има 89 пратеници.
Во текот на денешниот ден се очекува да биде одбиено уште едно гласање за недоверба.