Франција со најмногу заболени во еден ден од почетокот на пандемијата – 104.611


 

Француските власти вчера јавија за 104.611 нови случаи на зараза со корона вирус, што е најголем дневен број од почетокот на пандемијата.

Последната седмодневна инциденца беше нешто помала од 647 нови зарази на 100.000 жители.

Со огед на драстичниот пораст на зарази, француската влада сугерираше дека може да ги заостри антиковид мерките со нови правила за влез во некои простории, како ресторани и културни институции.

Сега пристап во јавни простори имаат оние кои имаат доказ за прележан Ковид, негатвиен тест или вакцинација. Наскоро нема да биде доволен само негативен тест.

Владата планира да претстави закон на посебна седница во понеделник, а се очекува да биде усвоен кон средината на јануари.