Франција со гол пред крајот ја совлада Белгија и се пласираше во четвртфиналето на ЕУРО2024


Во дербито на осминафиналето на Европското првенство, фудбалерите на Франција ја совладаа Белгија со резултат 1:0 и со тоа се пласираа во четвртфиналето од натпреварувањето на најдобрите селекции на Стариот континент.

Натпреварот беше отворен со поголем посед на топка за Франција, која повеќе сакаше да стигне до голот отколку Белгија. „Црвените ѓаволи“ од старт сакаа само да одбранат гол против француските ѕвезди и одлично се снајдоа.

Чекавме 35 минути за првата прилика, а потоа Маркус Турам упати удар со глава само покрај голот на Белгија. Потоа следеше обид на Орелиен Чоамени, кој шутираше силно од далечина, но и го промаши голот.

Во последниот напад од првото полувреме истиот играч му ја уништи одличната повратна топка на Килијан Мбапе и шутираше над голот од десетина метри. Отидовме на одмор без голови.

Французите многу подобро го отворија вториот дел. Турам повторно за малку ќе погодеше со глава во 50. минута, а се закани и Чуамени, чиј удар голманот на Белгија го одби во корнер.

Белгијците ја имаа најдобрата шанса, воедно и прва на денешниот натпревар, во 70. минута. Ромелу Лукаку шутираше од седум-осум метри, но Мајк Маињан го спречи уште еднаш да постигне гол на овој турнир.

Следеше одговор од Французите и уште две одлични шанси, но Вилијам Салиба и Килијан Мбапе не беа прецизни во 74. и 78. минута.

Кога се чинеше дека ќе видиме повеќе продолженија, шок за Белгијците на пет минути пред крајот. Рандал Коло Муани со среќа погоди во 85. минута за Французите да слават.

Ударот на францускиот напаѓач го фати Јан Вертонген во блокот и на тој начин го измами белгискиот голман. Французите на тој начин остварија заслужена победа.

Франција со тоа се пласираше во четврт-финалето на Европското првенство каде ќе игра против подобрата селекција од вечерашниот дуел меѓу Португалија и Словенија.