Франција се подготвува за нов топлотен бран


Голем дел од територијата на Франција се подготвува за топлотен бран со исклучителен интензитет за овој период, со температури кои би можеле да надминат 40 степени во наредните денови на југоисточниот дел на земјата.

Националната метеоролошка служба „Метео-Франс“ денеска објави портокалова фаза за топло време во 19 француски департмани. Зоната се протега од југозапад до североисточна Франција, како и до Алпите.

„Викендов екстремните жештини ќе се засилат, особено во јужната половина на земјата. Ќе бидат долготрајни и интензивни, а од недела натаму на југоисток со температури понекогаш и над 40 степени“, се вели во денеска објавениот билтен на „Метео-Франс“.

Овој нов топлотен бран „ветува дека ќе биде најтопол ова лето“, соопшти метеоролошката служба.