Франција се налути поради расистичкиот коментар на лидерот на „Преродба“


Француската амбасада остро реагираше на расистичка објава на лидерот на „Вазраждане“ (Преродба),  Костадинов Костадинов по полуфиналето на Светското првенство меѓу Франција и Мароко.Во објава на Фејсбук на 14 декември, Костадинов напиша: „Збунет сум! Кој е европскиот, а кој африканскиот тим? под слика на фудбалските репрезентации на Мароко и Франција.

Вака реагираше француската амбасада:

„Амбасадата силно ја изразува својата длабока огорченост од зборовите на Костадинов на Фејсбук, а се однесуваат на францускиот тим. Би сакале да потсетиме дека француската нација се состои од француски граѓани кои се апсолутно еднакви во правата и должностите, без никаква разлика по потекло, религија или пол. Тие сочинуваат заедница на граѓани обединети околу основните вредности на почит и братство, кои се вредности кои ги брани и Европската Унија. Кохезијата на француската нација, обединета во нејзината различност, е изворот на нејзината сила и талент, што го покажува и преку успехот на националниот фудбалски тим на Франција“.

Самиот Костадинов на својот Фејсбук го објави писмото од француската амбасада, како и повратното писмо испратено од „Вазраждане“ до амбасадата. Во него партијата, пак, „цврсто ја изразува својата длабока огорченост од писмото, кое било мешање во нашите внатрешни работи“.