Франција ја продолжи вонредната состојба до 16 февруари
Франција ја продолжи вонредната здравствена состојба до 16 февруари поради зголемениот број случаи на заразени со корона вирусот.
Поради недостиг на кворум за време на седницата на Националното собрание во вторникот, вонредната состојба беше продолжена само до 14 декември.
Сепак, гласањето повторно се одржа вчера и вонредната состојба беше продолжена до 16 февруари.
Двомесечната пандемска вонредна состојба, која беше прогласена во март на два месеци, беше обновена на 17-ти октомври со указ на Владата.
Тоа и дава на владата моќ да ограничи одредени права на граѓаните низ целата земја или во одредени региони.