Франција го спасува „Рено“ со кредит од 5 милијарди евра
Францускиот министер за економија и финансии Бруно Ле Мер денеска ќе го ратификува државниот загарантиран кредит од пет милијарди евра за помош на производителот на автомобили „Рено“, јави дописникот на МИА.
– Бруно Ле Мер денеска ќе ја потпише гаранцијата за заем од пет милијарди евра за „Рено“, соопшти Министерството за економија на Франција.
Министерот „побара веднаш да се отвори социјален и технички дијалог, за да се развие индустриски проект за иднината (…) кој ќе треба да ги гарантира, на долгорочно, и по 2023 година, работните места и нивото на индустриска активност во фабриката во Мобеж“.