Франција го одби барањето на Сноуден за азил
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив ле Дријан изјави дека „не е време“ за одобрување на новото барање за азил од поранешниот вработен во НСА – „свиркачот“ Едвард Сноуден.
Францускиот министер појасни дека кога Сноуден првпат побарал француски азил во 2013 година, француската Влада оценила дека „не е време“. – Оттогаш ништо не е сменето, рече тој.
Сноуден, кој живее во Русија за да избегне кривично гонење во САД откако објави тајни документи со кои се разоткрија масовни владини прислушувања и надзор на комуникации, побара азил во неколку земји, меѓу кои и Франција.