Франција бара владеење на правото и продолжување на реформите во Северна Македонија
Амели де Моншалин, државен секретар во француското Министерство за Европа и надворешни работи, во разговорот со министерот за надворешни работи Никола Димитров ја повтори француската позиција за приближување на земјите од Западен Балкан со Европската унија и особено ја истакна потребата за целосно почитување на владеењето на правото, што е во срцето на европските вредности и продолжувањето на реформите.
На средбата на Димитров и Де Моншален е направен преглед на европската перспектива на Северна Македонија.
– Државниот секретар во разговорот со шефот на македонската дипломатија потсети на заложбата на Франција да го поддржува одржливото стабилизирање, економскиот и социјалниот развој и зајакнување на владеењето на правото во Западен Балкан, потпирајќи се врз стратегијата на Франција за регионот, стои во соопштението.