Фотогалерија од престојот на Блинкен и неформалната министерска вечера


Дел од министрите на семејната фотографија (Фото: Б. Грданоски)

 

Од денеска попладне во Скопје почна најголемиот политички настан организиран во Македонија – Министерската конференција на ОБСЕ. Педесетина министри за надворешни работи пристигнаа во Скопје, меѓу нив најголема „ѕвезда“ беше американскиот државен секретар Ентони Блинкен. 

За време на неколкучасовниот престој тој прво имаше средба со премиерот Димитар Ковачевски, па со министерот за надворешни работи Бујар Османи, а потоа присуствуваше на неформалната вечера на министрите во хотелот „Александар палас“. Потоа Блинкен замина на уште една турнеја на Блискиот Исток во последниве 50-ина денови во обид да го одржи кревкото хуманитарно примирје додека се разменуваат израелски заложници од Газа и палестински затвореници од израелските затвори. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј лавров, треба да пристигне по 22 часот.

Нашиот фоторепортер Борис Грданоски направи цела серија фотографии од овие настани и ни ви претставуваме дел од нив за да ја видите атмосферата од големиот собир.

Новиот шеф на британската дипломатија, Дејвид Камерон (Фото: Б. Грданоски)
Блинкен и австрискиот шеф на дипломатијата Александар Шаленберг (Фото: Б. Грданоски)
Фото: Б. Грданоски
Бујар Османи и Ентони Блинкен (Фото: Б. Грданоски)
Ентони Блинкен во македонското МНР (Фото: Б. Грданоски)