Фотогалерија од настапот на македонската опера во Софија


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчеравечер во Софија присуствуваше на настапот на македонската национална опера и балет, што во Софиската опера и балет ја изведе операта „Набуко“ од Џузепе Верди.
 
На настапот на македонските уметници, со кој беше отворена оперската сезона во Софија, присуствуваа и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кои се во состав на македонската делегација.

 Љутков, кој ја проследил претставата заедно со неговиот бугарски колега, Најден Тодоров, упатил честитки за македонскиот ансамбл и изразил задоволство од соработката помеѓу двете држави.

„Културата е делот каде што се надминуваат сите проблеми, затоа ние ќе продолжиме да ја развиваме соработката во културата и во туризмот, сектори кои може да донесат и економски придобивки за двете земји, посочил тој“, пренесуваат од министерството.

Претставата „Набуко“ беше изведена под диригентската палка на маестра Бисера Чадловска, со Марјан Јовановски во главната улога.