(Фото) Врвот на водениот бран пристигнува во Будимпешта


Дунав во Будимпешта на почетокот на неделата веќе ги поплави столбовите на Пешта и Буда, но неговиот водостој е сè уште понизок од оној за време на катастрофалните поплави во 2013 година. Сепак, унгарските власти предупредуваат дека оптоварувањето на одбранбените линии е големо.

„Откако нивото на водата ќе го достигне својот врв, опасноста не е помината. За време на падот на водостојот се случуваат неволји, браните може да пукнат. Тоа може да се спречи со мониторинг. Отворивме телефонска линија за одбрана од поплави и примивме повеќе од 400 повици, тоа значи дека луѓето се уште се подготвени да помогнат“, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Водата го достигна приближно нивото на подрумот на собраниската зграда, но самата зграда не треба да биде загрозена, барем засега нема никакви индиции за тоа, јавува ХРТ.

Пристаништата покрај Дунав од двете страни се потопени со денови, како и патиштата што водат покрај реката. Станицата на подземната железница која ги поврзува левиот и десниот брег на реката е затворена.

Врвот на водениот бран се очекува во вечерните часови, но водостојот не се очекува да надмине 450 см.