(ФОТО вест) Оди, па разбери кој број е?

Јавното сообраќајно претпријатие не престанува да ги изненадува Скопјани. Иако постои со децении, не ги владее основните правила за добро работење. Освен рекламите кои се толку агресивни што патниците од внатре не гледаат кај треба да се симнат, имаат проблем и со обележувањето на автобусите за кои нема еден стандард или доста често – нема бројка воопшто на задната, а некогаш и предната страна, така што граѓаните не можат ни да знаат каде одат.
Фотографијата погоре пак покажува уникатна ситуација – еден автобус обележан со две различни дестинации, па разбери каде оди.