(Фото) Сообраќаен хаос во Скопје


Попладнево сообраќајот во Скопје е во целосен хаос. Автомобилите се движат со брзина на полжав, а на крстосниците речиси е невозможно да се помине.

Дождот, но и најавениот протест на граѓаните во Аеродром против Вардариште, придонесоа за речиси целосна сообраќајна блокада на метрополата. Тие како што беше најавено денеска протестираат од 15 до 18 часот и ја блокираат крстосницата кај мостот „Киро Глигоров“, меѓу двете општини Аеродром и Гази Баба, кои најмногу страдаат од чадот од Вардариште.

Еве како изгледа сообраќајот на улиците попладнево во центарот на Скопје.

(Фото: Независен.мк)