Маж со автомобил се заби во ограда во близина на израелската амбасада во Токио


Денеска, маж со автомобил удрил во ограда (барикада) во близина на влезот на израелската амбасада во Токио, при што е повреден полицаец, јавува Ројтерс.

Полицијата на местото на настанот уапсила 53-годишен маж.

Официјален претставник на израелската амбасада рече дека случајот е под полициска истрага и одби да коментира повеќе.

Инцидентот се случил во област во близина на амбасадата каде во последните недели се одржуваат пропалестински протести, или демонстрации против израелското бомбардирање на Појасот Газа.