Фото галерија) Висат кабли во Паркот под светилките во Аеродром
Паркот под светилките во Аеродром по се изгледа е жртва на редукцијата на трошоците за електрична енергија. И тоа не би било проблем, бидејќи паркот имаше и така премногу светилки, туку начинот на кој е изведено тоа.
Како што покажуваат фотографиите, паркот од место за уживање и одмор се претвори во опасност за децата и животните, бидејќи кабли со струја и фасонки без сијалици висат на сите страни поради неодговорно изведување на зафатот или вандализам.