(Фото) Автобуси на ЈСП и вечерва ја блокираа улицата пред Владата


Од протерстот на ЈСП пред Влада октомври 2022 година(Фото: Б.Грданоски)

Автобуси ја ЈСП и вечерва го блокираа булеварот пред зградата на Владата. 

Како што покажуваат фотографиите што вечерва ги сними нашиот фоторепортер Борис Грданоски, пред Владата се петнаесетина автобуси распоредени на двете коловозни ленти. 

Освен што е попречен сообраќајот во овој дел на Скопје, автобусите на ЈСП ги превезуваат патниците на редовните линии.

Во ова сообраќајно претпријатие има многу превирања, кои доведоа за прв пат во неговата историја јавниот превоз да биде прекинат.