Форум на градоначалници на 4. Саем Кина – ЦИЕ во Нингбо

На вториот ден од 4. Саем на Кина со земјите од Централна и Источна Европа, во конгресната сала денеска се одржува Форумот на градоначалници, каде учествуваат претставници на локалните самоуправи од земјите од Централна и Источна Европа, поранешни премиери и други членови на делегациите.
На форумот учествува претседателката на Советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска, која ќе зборува на панелот посветен на Заштита на културното наследство и промоција на размената на искуства.
Ѓорѓиевска за МИА изјави дека присуството на овој форум е од исклучително значење, како и дека ќе го пренесе искуството од овде и дека е можна соработка и трговија. – Соработката со Кина треба да се зајакне затоа што цела Европа е овде, рече претседателката на Советот на Куманово.
Форумот го отворија претседател на Кинеската асоцијација за пријателство и соработка со странски земји Јанг Ванминг, претседателот на парламентот на Словачка Ричард Раси, градоначалникот на Нингбо Танг Феифан, А зборуваа и поранешните пратеници од Романија и Полска Виорица Данчила и Јануш Пиечоцински.
Градоначалникот на Нингбо, чија популација изнесува 9,7 милиони популација, истакна дека нивната економија се зголемува изнесувајќи низа податоци за растот и развојот на овој град.
Посочи дека во Нингбо се наоѓа постојан изложбен простор и канцеларија за соработка со земјите од ЦИЕ. Од особена важност за извоз на производи од овој кинески град до Европа и други делови во светот е пристаништето во Нингбо.
Вангмин истакна дека тие се подготвени да работа на соработка и развој на односите со земјите од ЦИЕ А со тоа и со Европската унија.
Соработката со земјите од ЦИЕ, како што кажа би опфатила, увоз на повеќе производи од земјите од ЦИЕ, соработка на различни нивоа, во енергетика, обновлива енергија, размена на искуства, културна соработка…
На Форумот на градоначалници неколку градови од земјите од ЦИЕ потпишаа договор за збратимување со неколку градови од Кина. Хрватскиот град Ријека ќе соработува со Нингбо, Нови Сад со Хфе, босански Лакташи со Јепае, додека унгарската општина Кишкунфелеџхаза со Џошуен.
Во рамки на 4. Саем на Кина со земјите од ЦЕА денеска се одржуваат низа други состаноци за земјоделство, за царините, за трговија и друго.