Форензичари ги испитуваат деловите од „Титан“


САД- Делови од „Титан“ пронајдени во водите на Северниот Атлантски Океан кај Њуфаундленд се префрлени во форензичка лабораторија со цел експертите да се обидат да го потврдат идентитетот на жртвите, но и да утврдат каде настанал проблемот во подморницата што доведе до катастрофална експлозија на 18 јуни во близина на потонатиот брод „Титаник“.

Потсетуваме дека во моментот на несреќата, на длабочина од повеќе од 3.500 метри, авантуристите Хамиш Хардинг, Пол-Анри Наргеоле, Шахзада Давуд и неговиот деветнаесетгодишен син Сулејман, како и Стоктон Раш, извршен директор на на „Оушн Гејт“ кој го организираше патувањето без повраток.

Фото: АП

Американскиот Национален одбор за безбедност на транспортот ќе ги анализира собраните докази, вклучително и посмртните останки собрани во пристаништето Сент Џонс на споменатиот остров, а резултатите од истрагата потоа ќе и бидат објавени на јавноста, потврди американската крајбрежна стража.

„Има уште многу да се направи бидејќи треба целосно да се разберат факторите кои доведоа до исчезнување на подморницата, а потоа и уништување на „Титан“ за да не се повторат вакви трагедии“, се наведува во писмената изјава на главен истражител на несреќата, капетан Џејсон Нојбауер.

И додека американската крајбрежна стража работи со Федералното истражно биро за да ги утврди сите детали кои би можеле да доведат до експлозија и уништување на подморницата, канадскиот одбор исто така спроведува посебна истрага за настанот. Се разгледуваат различни можности кои би можеле да бидат причина за трагедијата – од откажување на капакот на подморницата, до оштетување на трупот, па дури и можно лошо управување со подморницата.

Едвард Казано, водачот на спасувачката екипа која дошла на местото на исчезнувањето на „Титан“ на 22 јуни, на бродот „Хоризонт Арктик“, неодамна опиша како роботот „Одисеја“, поврзан со овој брод, го открил првиот фрагмент од подморницата.

Фото: АП

„Само неколку моменти откако Одисеја стигна до морското дно, нејзините камери испратија слики од делови кои несомнено се од Титан“, рече Касано, видно потресен од целиот настан.

Светските медиуми потсетуваат дека постојат процедури за подморниците, исто како и за авионите, кои мора да поминат детална проверка на сите површини пред летот, за да се утврдат можни пукнатини и да се спречи катастрофа. За жал, според медиумите, „Титан“ не поминал детални проверки пред лансирањето, ниту пак поседувал соодветни сертификати за нуркање на длабочина од 4.000 метри. Во последните денови неколку пати беше констатирано дека оваа подморница при претходните мисии имала проблеми, односно еднаш изгубила контакт со матичниот брод кој го чекал крајот на експедицијата на површината, па била прекината, а неконтролираната ротација на бродот.

Интересно е, како што пишува „Економски тајмс“, што на веб-страницата на „Оушн Гејт“, организаторот на туристичкото патување со трагичен крај,најавуваат  две експедиции во кои патниците треба да ги видат урнатините на познатиот брод, најавени за 12 и 20 јуни 2024 година. На споменатата веб-страница, како што пишуваат медиумите, сè уште има покани за авантура, како и видеа од претходни експедиции, како и изјави на разни авантуристи кои го величаат ова патување. За потсетување, билетот за осумдневната авантура која заврши трагично беше 250.000 долари.

Експертите постојано предупредуваа од 18 јуни, односно исчезнувањето на „Титан“, за нецелосни протоколи при изградбата на подморницата, како и за тоа дека не била доволно испитана, бидејќи и покрај тоа што во 2021 година отишол на експедиции, минатата година , како и патувањето на 18 јуни, сè уште беше во експериментална фаза.

Трагичниот крај на „Титан“ се случи во близина на остатоците од „Титаник“, кој исчезна во ледените води на Северниот Атлантски Океан на 15 април 1912 година, земајќи со себе огромен број жртви. Потонатиот брод на познатиот океански брод, кој доживеа бродолом на првото патување кога удри во санта мраз, беше пронајден во 1985 година на длабочина од околу 3.800 метри.