Фондот за здравство рачно ќе ги подготви исплатите, системот и натаму нефункционален


Фото: Б. Грданоски

Фондот за здравство, чиј систем  е хакиран веќе десетина дена, ангажирал фирма која ќе ги  внесува рачно податоците за исплата на платите на здравствените работници и на боледувањата. Најавите од таму се дека најдоцна до понеделник ќе се реши ситуацијата која предизвика незадоволство пред се кај здравствените работници, а мајките останаа без исплата на породилно. Од синдикатот на Клиничкиот центар се закануваат дека ако до понеделник не се исплатат платите, вќе организираат протест, а потоа и штрајк.

 Незадоволни се и жените на породилно отсуство. Не се исплаќаат ни рефундации за лекови и за  боледувања. Матичните лекари не знаат како да ги советуваат пациентите кои доаѓаат од затворени ординации на пензионирани матични лекари. За нив нема како да се изврши уписот кај нов матичен сервисна услуга. За јануари никој нема земено породилно, иако ФЗОМ соопшти дека постепено ќе се враќа функционалноста на системите и дека на тоа работат технички тимови.