Фондот им исплати 121 милион долари на жртвите на Епштајн
САД – Фондот за надомест кон жртвите на сексуална злоупотреба на Џефри Епштајн ја заврши својата работа со плаќање на 121 милион американски долари, како компензација за 150 лица, објави во понеделникот Би-Би-Си.
Фондот го објави ова речиси две години по самоубиството на Епштајн во затворот во Њујорк, додека чекаше судење. Независниот менаџер на фондови, кој беше финансиран од средствата на Епштајн, изјави дека добил двојно повеќе барања од очекуваното.
Неколку жртви ја одбија понудата, одбирајќи го патот за приватни тужби.
По смртта на финансиерот, чуварите на неговиот имот формираа фонд од 600 милиони долари и ги повикаа жртвите да контактираат со нив. Од 225 луѓе, за 150 беше утврдено дека имаат легитимни барања. Фондот беше отворен и за жртвите кои имале штета порано, кога Епстин во 2008 година беше осуден за злоупотреба на малолетници.
Поранешната девојка на Епштајн, Гислејн Максвел се изјасни невина за соучество во злосторството. Нејзиното судење почнува во ноември.