Фондацијата на Заев ќе го финансира весникот на Македонците во Албанија

Поранешниот премиер Зоран Заев објави дека ќе го финансира редовното излегување на весникот на заедницата на Македонците во Албанија – „Преспа“.
-Чест и обврска е да се дава поддршка на употребата на македонскиот јазик. Преку нашата Фондација го поддржуваме редовното издавање на „Преспа“ – весникот на заедницата на Македонците во Албанија. Го помагаме информирањето на Македонците во Албанија на македонски јазик. Го афирмираме македонскиот етнички, јазичен, културен и верски идентитет и придонесуваме кон унапредување на правата на македонската дијаспора, напиша Заев на фејсбук профилот на Фондацијата.