Фон дер Лајен и Ковачевски: Европскиот предлог не го загрозува македонскиот идентитет и јазик
Одлуките кои се носат сега ја гарантираат иднината на земјата, и затоа се потребни мудри и државнички потези кои водат кон просперитет, заклучиле соговорниците
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и премиерот Димитар Ковачевски на нивната денешна средба се согласиле дека дека со европскиот предлог не се загрозува на ниту еден начин идентитетот, културата, историјата и македонскиот јазик. И дека одлуките кои се носат сега ја гарантираат иднината на земјата, соопшти владината прес-служба.
На нивната тет-а-тет средба средбата Ковачевски и Фон дер Лајен разговарале за најважните прашања поврзани со проширувањето на Европската унија. Било констатирано дека сега е моментот кој треба Северна Македонија да го искористи за прифаќање на европскиот предлог, што понатаму значи и одржување на првата меѓувладина конференција и почеток на преговорите за членство во ЕУ.
„Она што беше нотирано од страна на претседателката на Европската комисија Фон дер Лајен, е дека местото на Северна Македонија и Западен Балкан е во Европската унија и тоа е единствениот пат кој води кон подобра иднина за сегашните и идните генерации.
Ковачевски и Фон дер Лајен уште еднаш потенцираа дека со европскиот предлог не се загрозува на ниту еден начин идентитетот, културата, историјата и македонскиот јазик“, стои во соопштението.
На средбата било дискутирано, дека во контекст на новите геополитички околности, многу е значајно деблокирањето на евроинтеграцискиот процес и почетокот на преговорите за нашето членство во Европската унија, што е важно за целокупниот напредок на Северна Македонија.
На средбата било истакнато дека одлуките кои се носат сега ја гарантираат иднината на земјата, и затоа се потребни мудри и државнички потези кои водат кон просперитет, развој на демократските вредности и севкупен економски напредок.