Фон дер Лајен доаѓа во Скопје на четири дена пред изборите

Идната недела претседателката на Европската комисија ќе ги посети сите шест земји од Западен Балкан


Урсула фон дер Лајен

 

Доколку Урсула фон дер Лајен ги преживее двете гласања за недовероба (в четврток) за кои расправата во Европскиот парламент почна денеска попладнево од недела треба да тргне на турнеја по шесте земји на Западен Балкан.

Нејзината турнеја треба да започне на 13 октомври, а во Скопје треба биде на 15 октомври, идната среда. Истиот ден треба да ја посети и Приштина.

Посетата на Фон дер Лајен на регионот ќе послужи и како повод за повторно потврдување на европската перспектива за целиот Западен Балкан.

Нејзините планови за посета на главните градови на земјите од регионот доведоа до одложување на објавувањето на годишниот извештај на Европската комисија, кој обично се објавува во октомври. Објавувањето на овој документ е одложено за почетокот на ноември.

Се чини дека овој потег има за цел да ја претстави посетата како успешна, иако годишните извештаи веројатно нема да содржат многу позитивни оценки за ниту една од земјите.

Во понеделникот од 17 часот во Европскиот парламент прво со обраќање на претседателот на Патриотите за Европа, Жордан Бардела (Национален собир – Франција), кој ја критикуваше Фон дер Лајен за нејзината трговска политика, имено трговскиот договор Меркосур на ЕУ и трговскиот договор меѓу ЕУ и САД потпишан од Комисијата во август.

Потоа ќе следи изјава од Манон Обри од Левицата, која покрај критиките за трговската политика, ќе ја обвини и Фон дер Лајен за „соучество во геноцид“ во Газа, според коментарите што ги даде во пресрет на денешната акција.

Како претекст на нејзината турнеја во посета на земјите од регионот е австриската министерка за европски прашања, Клаудија Плаколм. Таае дел од напорите за проширување на ЕУ и континуирани реформи во земјите кандидатки, соопшти нејзиниот кабинет. Плаколм треба да посети шест земји за шест дена. Денеска во Скопје таа изјави дека има предлог од Авбстрија и Словенија за укинување на едногласноста во меѓучекорите во преговорите за членство во ЕУ. Едногласноста да се однесува само за почетокот и крајот на преговорите. Со неа на оваа турнеја е и државната секретарка за европски прашања на Словенија Нева Грашич, која рече дека оваа инцијатива е веќе доставена во Европската комисија.