Финансискиот директор на „Тесла“ и „Господар на монетата“ ја напушта компанијата
„Господарот на монетата“ („Master of Coin“) и главен финансиски директор на „Тесла“, Захари Кирхорн, поднесе оставка по четири години и шест месеци во оваа улога.
Кирхорн ѝ се придружи на „Тесла“ пред 13 години како виш финансиски аналитичар, според неговиот профил на „Линкдин“ (LinkedIn), стигнувајќи до финансиски директор во 2019 година.
„Тесла“ објави во март 2021 година дека работното место на Кирхорн се менува во „Master of Coin“, а на главниот извршен директор Илон Маск во „Technoking“.
Сепак, во поднесокот, исто така, беше наведено дека и двајцата ќе ги задржат своите попрозаични титули на финансиски директор и извршен директор.
Промените на називите на функциите беа направени недолго откако „Тесла“ купи 1,5 милијарди долари во биткоин, иако не беше наведена врска помеѓу двата потези.
Ваибхав Танеја, најновиот главен сметководствен директор на „Тесла“, ќе ја преземе работата на финансиски директор. Нејасно е дали Танеја ќе ја преземе и функцијата „Господар на монетата“ или титулата ќе биде повлечена. Не е наведена причината за заминувањето на Кирхорн. „Тесла“, која генерално не одговара на прашањата за медиумите, не одговори на прашањата за промената на персоналот или работните титули.

Танеја започна како потпретседател за сметководствени операции во „Солар Сити“, компанија за соларна енергија контролирана од Илон Маск, во 2016 година, истата година кога беше купена од „Тесла“. Тој стана помошник корпоративен контролер во „Тесла“ следната година, според неговиот профил на „Линкдин“. Тој и стана главен сметководител во 2019 година.
Кирхорн ќе продолжи да работи во компанијата за да помогне во транзицијата до крајот на оваа година, според документот досравен до американската Комисија за хартии од вредност (СЕЦ).
„Тесла“ неодамна објави заработка во вториот квартал од 91 цент по акција, што е зголемување од 20 отсто во однос на истиот квартал минатата година и подобро од проценките на аналитичарите. Профитните маржи на „Тесла“ беа, исто така, подобри од очекуваното, иако помали од минатата година, поради намалувањето на цените на нејзините возила. (Си-Ен-Ен)