Финансиската полиција влезе во фирмите кои го увезувале запленетиот тутун
Финансиската полиција вчера во раните утрински часови ја прошири акцијата за сузбивање на шверцот со тутун. Според неофицијални информации, влегла во фирмите Контрактор Трејд, Неед Фор Спеед, Урбан Логистик ЛРБ Фреши Урбан Транс.
Извори на Алсат М велат дека постои сомнеж дека дел од овие компании незаконски го увезувале штетниот и недозволен тутун од типот „Вирџинија“ од соседните земји. Потоа го дистрибуирале во внатрешноста, делејќи им го на физички лица.
Во акцијата од вторникот, со помош на специјални полициски единици на 13 локации во Скопје, финансиската полиција заплени околу 12 тони тутун, од кои 95% бил шверцуван. Целта на оваа акција е откривањето на мрежа на компании кои со шверц на тутун го оштетиле државниот буџет за 7,5 милиони евра.