Финалето заврши пред да почне: Грчките ракометари од АЕК одбија да играат со Алкалоид

Европската федерација во ракомет (ЕХФ) во вторник ќе одлучува за финалето меѓи АЕК и Алкалоид во ракомет, откако грчките ракометари одбија да излезат на теренот во салата „Борис Трајковски“. Раковоството на АЕК го условуваше мечот со влезот на сите навивачи, неофицијално околу 1000, иако се определени 200 влезници за гостинските навивачи.
„Финалето на Европскиот куп на ЕХФ помеѓу РК Алкалоид и АЕК Атина во моментов е одложено. Дополнигелно ќе бидат објавени информации, соопшти ЕХФ.

Раководството на АЕК им наложи на играчите да не излезат на терен и да го одиграат натпреварот. Иако тимот на Алкалоид, беше присутен на презентацијата на натпреварот, АЕК остана надвор од теренот, создавајќи невидена ситуација што на крај доведе до одложување на финалето.
Ова не му е прв пат на АЕК да одбие да игра. Во март годинава вториот натпревар од четвртфиналето на Купот на ЕХФ меѓу Партизан и АЕК никогаш не започна откако играчите на грчкиот клуб се повлекоа во соблекувалната поради експлозии слични на топови што паднаа на теренот само неколку минути пред закажаниот почеток.
Грците се вратија еднаш на теренот, по што следеше уште една експлозија, по што повеќе не се вратија. Во меѓувреме, публиката се смири, капитенот на РК Партизан, Никола Зечевиќ, ги повика навивачите на фер и спортско навивање, но Грците останаа решени да не играат во Белград од безбедносни причини. Конечната одлука ја донесува делегатот на ЕХФ по еден час и 40 минути чекање.