Филипче во работна посета на Брисел

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска во Брисел ќе учествува на конференција на социјалистите и демократите на тема Започнување на Програмата ,,Вили Брант” за проширување на ЕУ.
Во рамки на конференцијата, претседателот Филипче ќе има свое обраќање на панел дискусијата насловена „Прогресивна агенда за проширување на ЕУ”, која што ќе ја води европратеникот и известувач на ЕП за Србија, Тонино Пицула.