Филипче: Власта се договори со големите бизниси да нема контрола на цените

Тој додаде дека владата има механизами за да ги стави под контрола цените и да го подобри животниот стандард на граѓаните, како што тоа го правеше СДСМ и во најголемите кризи.
„Во ковид кризата и во енергетската криза цените на струјата и гасот беа неколкукратно зголемени последните години од нашата влада, споредено со сега. Но, инфлацијата беше под контрола и платите континуирано растеа. Имаше раст на платите за време на тие кризи, а сега, во мирнодопски услови, нема раст на платите. Имаше укинување, намалување на ДДВ за струјата, на основните прехранбени продукти. Ние сме покажале како се работи за доброто на државата. А зошто владата не ги употреби тие мерки? Тој е прашање за владата “, рече Филипче.
Во интервјуто Филипче нагласи дека власта не прифаќа ниту еден предлог на СДСМ и покрај тоа што се работи за предлози кои што одговараат на реалните потреби на граѓаните.
„Ние сега дававме предлог за минималната плата да порасне на 30.000 денари, односно 500 евра, и владата не излегува во пресрет. Мислам дека не станува збор за тоа дали и кои мерки ќе се имплементираат. Станува збор за желбата на владата тоа да го направи. Едноставно, нема желба да излезе во пресрет на барањето и потребите на граѓаните”, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.