Филипче смета дека во Владата треба да остане оној кој покажал резултати
Министерот за здравство Венко Филипче смета дека во новата влада треба да остане секој кој се пронаоѓа во министерската позиција и покажал резултати.
„Тоа е нешто што допрва ќе треба да се преговара и со политичките партии за парламентарното мнозинство така да тој процес ќе трае“, кажа Филипче.
„Tреба да работи и да остане тој кој се пронаоѓа себе си во министерската позиција без разлика за кој ресор станува збор и тој што покажал резултати, а тие резултати се евидентни. Одлуката ја носи премиерот така што не се оптеретувам со тој дел“, рече Филипче.