Филипче го разреши Беља


Министерот за здравство Венко Филипче експресно го разреши економскиот директор на Клиниката за Гинекологија и акушерство, Ваљон Беља откако тој обвини за финансиски криминал и непотизам на клиниката. Нарушени односи и несоодветен пристап е официјалната причина за нарушувањето.

Беља ја обвини стручната директорка Викторија Јовановска дека незаконски спроведува тендери, фаворизира одредена фирма, при што во опасност ги доведува животите на новороденчињата. 

Таа, пак, возврати дека обвинувањата следуваат откако одбила да даде дозвола за две вработувања во кабинетот на Беља.