Филипче единствен кандидат за лидер на СДСМ

„Врз основа на Статутот на СДСМ како и врз основа на Член 9 од Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор, Централната изборна комисија утврди единствена листа на потврдени кандидати за претседател на СДСМ: 1.Венко Филипче“.
Одлуката на Комисијата, како што е соопштено, ќе биде објавена на веб страната на СДСМ заедно со програмата на кандидатот, а ќе биде доставена и до сите Општински изборни комисии“, стои во соопштението на партијата.
СДСМ, додаваат од партијата е единствената партија во земјата во која членството бира претседател на директни внатрепартиски избори што говори за демократскиот капацитет и на партијата и на членовите.