„Филип Морис ТКП“ го претстави IQOS, електронски уред кој го загрева, но не го гори тутунот 


Иновативниот уред IQOS (ајкос) на „Филип Морис“ од денеска е во продажба во Македонија, соопшти компанијата.

Станува збор за електронски уред кој го загрева, но не го гори тутунот. За негова употреба се користи специјално дизајниран несогорлив тутун, а при процесот на негово користење нема чад и пепел.

„IQOS е производ на кој ‘Филип Морис’ работеше повеќе од една деценија. Резултат е на работата и посветеноста на над 400 врвни научници и експерти ангажирани од ‘Филип Морис Интернешнл’, а инвестирани се повеќе од 7 милијарди долари“, изјави Михаeл Солтер, генерален директор на „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“ (ФМТКП) ДОО Скопје.

Компанијата ФМТКП е заедничка компанија на „Филип Морис Интернешнл“ и Тутунскиот Комбинат Прилеп основана во 2014 година.