Филип беше ураган од љубов – во Штип се одржа комеморација за Стевановски кој загина во пожарот

Во Штип се одржа комеморацијата за директорот на штипскиот центар за култура „Ацо Шопов“, Филип Стевановски, кој тагично го загуби животот во пожарот во дискотеката „Пулс“, настапувајќи со групата ДНК.
На комеморацијата зборуваа неговите колеги од Државното средно музичко училиште „Сергеј Михајлов“ и артисти од Народниот театар.
„Јас денеска нема да кажам збогум, туку благoдарам за се’, за секој совет, за секој тон и споделен момент. Ќе ја продолжиме неговата мисија и неговиот добар дух за да ја пренесуваме музиката на идните генерации. Сето она што ти го беше замислил, нема да престане“, рече Ќосевски, пренесе штипската телевизија „М Нет“.
Тој го опиша Филип како музичар кој со својот талент посветеност и исклучитена љубов кон музиката, неуморно ги пренесувал своите знаења, мотивирарќи ги младите музичари да ја откријат убавината на звукот, дисциплината на изведбата и длабочината на изразот.
Благодарност, почит и сосема последно збогум оддадоа и вработените од штипскиот театар, истакнувајки дека тој секогаш ќе остане во нивните срца.
„Ти беше ураган од љубов кој несебично се излеа во секој од нас. Не само кај нас Филип, туку и кај публиката која го почувствува твојот дух и повторно ги наполни салоните. Се врати надежта, вербата. Си простивме како мали деца кога ќе разберат дека единствениот начин да продолжиш е да бидеш заедно во тим, а тимот беше се за тебе“, беше кажано на комеморацијата, во порака што ја проследи штипската „Тв Стар“.
„Патувај драг Филипе, патувај, летај и знај ти навистина го направи светот поубаво место за живеење. Ти благодариме за секој поминат момент со тебе, за се што не научи, бидејки ни го покажа патот по кој треба да се движиме“, се поздравија вработените.
Стевановски свиреше клавијатури со ДНК кога изби пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март.
Потекнува од Куманово, а на 24 јануари годинава беше избран за нов директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип, каде што живееше и работеше. Средното образование го заврши во музичкото училиште „Илија Николовски-Луј“ во Скопје. Беше оженет човек и татко.
Филип беше комплетен музичар – продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, магистар по џез науки, а вработен беше како професор во Државниот музички училишен центар (ДМУЦ) „Сергеј Михајлов“ – Штип.