Филипче: Министерот за надворешни место за ЕУ зборува за роаминг

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја обвини владата дека со изговори и недејствување ја блокира европската иднина на земјата.
„Ниту пак нешто се случува во делот на тоа што е добиена понуда од целата Европска Унија, а тоа е да се направат уставните измени и да се отворат поглавјата за преговори со Европската Унија.
Едно е да бараат изговори, а тоа го прави владата. Прво бараа да има одложено дејство на уставните измени, видоа дека не може. Цела Европа им кажа дека тоа невозможно. Бараа Бугарија да прифати пресуди на Судот за човекови права во Стразбур и тоа видоа дека не можат да го изменаџираат. Не гледаме ниту пак дека нешто се трудат да направат околу тоа. Нема дипломатска активност на таа тема. Еве, гледајте, министерот за надворешни работи збори за роаминг и ништо друго“, рече Филипче.
„Очигледно е дека се конзистентни кон тоа да нема преговори со Европската Унија, а ние тоа нема го дозволиме. Ќе се бориме поради тоа што тоа е единствената иднина за нашата земја и ќе ставиме на масата.Еве резолуција, еве да ги утврдиме нашите црвени линии, за да го кажеме јасно и гласно дека сите треба да бидат чесни кога кажуваат какви се политиките, а не да се користат со лаги и манипулации за да скриено протуркаат некоја своја политика која што очигледно не не води, не нѐ води никаде“, порача лидерот на СДСМ.