ФФМ отвори постапка против фудбалери на Кожуф

Врз основа на добиени информации и преземени активности во врска со натпреварот помеѓу ФК Кожуф и ФК Башкими, Одделот за безбедност и интегритет при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) покренaа постапка пред Дисциплинската комисија поради основано сомнение за нарушување на интегритетот на натпреварот одигран на 6. мај 2025. Постапката се отвора против: С. Г. – ФК Кожуф, П.Г. – ФК Кожуф, Б.К. – ФК Кожуф, Б.Д. – ФК Кожуф, Ј.П. – ФК Кожуф, К.С. – ФК Кожуф, Н.С. – ФК Кожуф, Ф.К. Кожуф, стои во денешното соопштение на Федерацијата
Постапката се темели на досега добиените писмени изјаснувања и доставената релевантна документација и податоци од наведените лица (тренери, фудбалери, службени лица на клубот), како и од официјалните лица на натпреварот (судии, делегат, контролор на судии, комесар за безбедност).
Во писмените, своерачни изјаснувања, дел од фудбалерите посочуваат конкретни лица за кои тврдат дека дале инструкции или наредби во врска со исходот од натпреварот.
Паралелно, Основното јавно обвинителство – Гевгелија преку Министерсто за внатрешни работи (МВР) побарало доставување на целокупната документација поврзана со натпреварот од 28. коло во Втора МФЛ, заради водење на истражна постапка во рамки на своите законски надлежности.
-Напоменуваме дека постапката во овој момент се однесува на наведените лица и субјекти, но истата може да биде проширена и на други лица и субјекти доколку во понатамошниот тек на постапката бидат обезбедени дополнителни сознанија или докази што упатуваат на нивна вклученост, велат од ФФМ.
Случајот не е затворен и Одделот за безбедност и интегритет продолжува со активна проверка на сите релевантни аспекти поврзани со натпреварот.