„Фероинвест“ изгради фотонапонска електрана на покривот на „Веро“ центарот


„Веро“ центарот доби кровна фотонапонска електрана благодарение на која до 40% од својата потрошувачка на електрична енергија од мрежа ќе ја замени со електрична енергија произведена од сонце.

Веро центарот, кој е лоциран во центарот на Скопје, ќе ја користи кровната електрана за своите сопствени потреби, што беше основна идеја на инвеститорот кога се обрати до „Фероинвест“ за изведување на проектот.

Електраната со инсталирана моќност од 730 kW е поставена и пуштена во пробна работа во рок од два месеци во текот на летниот период, во услови на топлотен бран, но со засилено темпо на работа од страна на инженерите и техничарите на „Ферпинвест“ и ЕМС, со цел клиентот да може што повеќе да искористи од периодот на поволно сончево зрачење за производство на електрична енергија.

Со овој проект, компанијата Верополус Груп се постави во редот на еколошки ангажирани компании кои инвестираат во енергетски проекти значајни за енергетската транзиција на државата, и кои долгорочно носат финансиска заштеда за инвеститорот.

 

„Фероинвест“ нуди изградба на електрани од обновливи извори по принципот клуч на рака, односно од нивно проектирање, изградба, пуштање во употреба, па се до обезбеден откуп на енергијата и 24-часовен мониторинг и одржување на електраната.