„Феро инвест“ лидер во изградба на фотонапонски електрани – реализирани 30 проекти, уште 10 завршуваат набрзо


„Феро инвест“ во текот на август успешно реализираше пет проекти и пушти во употреба 2 MW фотонапонски електрани за свои клиенти, од кои дел на земја, а дел на кровови на објектите на клиентите.

Во моментот, екипите на „Феро инвест“ и ЕМС, интензивно работат на уште 10-тина фотонапонски електрани со инсталирана моќност од 15 MW, кои се очекува да бидат завршени во следниот период.

Во последните 2 години „Феро инвест“ реализираше над 30 проекти за фотонапонски електрани, од кои поголемиот број се капацитети на кровови на компании, со вкупна инсталирана моќ од 16 MW, од кои најголема е електраната „Тркање“ од 8 MW, која е во сопственост на „Феро инвест“/„Централ инвест“ и која дава значаен удел во сопственото производство на електрична енергија од обновливи извори.

Групацијата „Феро инвест“/„Централ инвест“ произведува зелена електрична енергија преку мали хидроцентрали, фотонапонски централи и централи на биогас.

Компанијата е лидер во производството на електрична енергија од обновливи извори, а на своите клиенти им нуди реализација по принципот „клуч на рака“, кој подразбира поддршка во обезбедување на потребна документација, проектирање, изградба и монтажа, пуштање во употреба и следење на работата. Целиот процес го спроведуваат стручните служби од „Феро инвест“, како и ќерките компании на групацијата, ЕМС и „Аквават“, а купо-продажбата на електрична енергија се одвива преку компанијата РЕС, во сопственост на бизнисменот Кочо Анѓушев.