ФДА одобри експериментален лек против корона вирус
Американската Управа за храна и лекови (ФДА) синоќа го одобри експерименталниот третман за лекување со антитела во итни случаи кај пациенти постари од 65 години, кои освен корона вирус имаат и друга болест.
Британските медиуми наведуваат дека дополнителен услов е тие да не се хоспитализирани.
ФДА соопшти дека одлуката е поткрепена со клинички испитувања што покажале дека лекот „Бамланаивимаб“ ја намалува веројатноста за хоспитализација кај пациенти со корорна вирус.
Овој експериментален лек засега може да се користи во лесни до умерени случаи на коронавирус, како кај деца постари од 12 години, така и кај возрасни, но „Бамланаивимаб“ не може да се користи од пациенти кои се хоспитализирани и имаат кислородна терапија, додава ФДА.
Лекот, подготвен од компанијата Елија Лили, не им помагал на пациенти со потешка форма на корона вирус, туку напротив, се покажало дека им одмага, нагласи ФДА.