ФБИ: Се подготвуваат вооружени протести во сите држави пред инагурацијата на Бајден


Протести на привзаниците на Трамп пред државниот капитол во Атланта, Џорџија (Фото: АП)

Од оваа недела до  денот кога новоизбраниот претседател стапува на должност, се планираат вооружени протести во сите 50 американски држави и пред Капитол хил, се вели во внатрешниот билтен на ФБИ, објавен од ABC News.

Во последните денови, ФБИ добила информација за група што повикува на „напад“ на судовите на локалната и федералната влада, како и на административните згради, во случај претседателот Даоналд Трамп да биде сменет пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател. Групата исто така планира да ги „нападне“ владините канцеларии во секоја држава на денот на заклетвата на новоизбраниот претседател Џо Бајден, без разлика дали државите имаат заверени гласови за Бајден или Трамп.

„ФБИ доби информација за идентификувана вооружена група која има намера да патува за Вашингтон на 16 јануари“, се вели во билтенот. „Тие предупредија дека ако Конгресот се обиде да го отстрани актуелниот претседател преку 25-тиот амандман, ќе има сериозни немири“, стои во информацијата.

Федералните службеници за спроведување на законот ги советуваа полициските агенции да ја зголемат безбедноста во владините згради низ целата земја по немирите околу и во Капитол хил, изјавиле извори за спроведување на законот за ABC News.

По преземањето на Капитол од приврзаниците на Трамп минатата среда, конгресмените на Претставничкиот дом го поттикнаа потпретседателот Мајк Пенс и кабинетот да се повикаат на 25-тиот амандман, со кој Трамп ќе биде прогласен за неспособен за исполнување на претседателската функција додека Бајден не ја преземе функцијата на 20 јануари.На крајот, напорите беа блокирани од републиканецот од Западна Вирџинија, Алекс Муни, а демократите од Претставничкиот дом започнаа постапка за  импичмент за Трамп заради „поттикнување немири“.