Фаучи: Ќе ја примам вакцината на „Фајзер“, имам доверба во таа компанија
Американскиот епидемиолог Ентони Фаучи денеска изјави дека ќе ја прими вакцината против коронавирус на компанијата „Фајзер“, доколку биде одобрена од Агенцијата за храна и лекови (ФДА).
Тој потенцираше дека има доверба во таа компанија како и во Агенцијата.
– И верувам на компанијата Фајзер. Имам доверба во ФДА. Тие се мои колеги со децении, научници од кариера. Ако вакцината биде одобрена, ветувам дека јас и моето семејство ќе ја примиме, изјави Фаучи за телевизијата МСНБЦ.
Фармацевтските компании Фајзер од САД и германската Бионтек соопштија дека нивната експериментална вакцина има ефикасност од над 90 проценти во спречувањето на Ковид-19, врз основа на првичните податоци од големата студија, што претставува голема победа во борбата против пандемијата.