Фатих Карахан, нов гувернер на турската централна банка


Заменик-гувернерот на Централната банка на Република Турција (ЦБРТ) Фатих Карахан вчера беше назначен за нов гувернер на Централната банка на местото на Хафез Гаје Еркан.

Назначувањето на Карахан дојде неколку часа откако Еркан објави дека поднесува оставка од лични причини, пренесува Дејли Сабах.

Роден во 1982 година, Карахан стана еден од најмладите гувернери на Централната банка во земјата.

Тој ја започна својата кариера како економист во Банката на федерални резерви на Њујорк. Во 2022 година, тој стана виш економист во Амазон, а подоцна беше именуван за главен економист на глобалниот гигант за е-трговија.

Тој беше назначен за заменик-шеф на Централната банка на Турција во јули 2023 година.