Фаталната љубов на Ален Делон и Роми Шнајдер


Ален Делон, легендарниот француски актер, кој почина на 18 август, на 88 години, беше познат не само по своите извонредни актерски способности, туку и по својот шарм и харизма, кои не беа ограничени само на екранот и го направија еден од најголемите заводници на своето време. 

Неговиот впечатлив изглед, продорните сини очи и неодоливата насмевка ги освоија срцата на жените ширум светот.

Делон имаше бурен љубовен живот, а многу жени ширум светот беа воодушевени од неговиот изглед. Тој беше во врска со неколку познати дами и неговите врски често беа предмет на медиумско внимание.

Првата голема љубов на овој харизматичен заводник и секс симбол од 60-тите беше убавата австриска актерка Роми Шнајдер, која ја запозна на снимањето на филмот „Кристина“ во 1958 година.

Тие се вљубија и станаа еден од најпознатите двојки во филмската индустрија. Роми била толку „луда“ по него, што била подготвена да се откаже од целиот свет, само за да му стане сопруга на Делон. Двојката се сврши, а потоа дојде шокот. По пет години врска и пред свадбата, Ален ненадејно и испратил писмо на Роми во кое пишувало:

„Збогум! Ти ја враќам слободата и срцето!“

И оставил и букет црвени рози и порака: „Отидов во Мексико со Натали“.

Со сопругата Натали, синот Ентони, Монте Карло, 1965

Таа втора жена се викаше Натали Бартелеми, со која тој се ожени во 1964 година и го доби синот Ентони. Роми потоа се обидела да се самоубие сечејќи ги вените.

Првата, најсилната и најтажната љубов

По бракот со Натали кој траеше пет години и кој му беше единствен во животот, Делон 15 години беше во врска со француската актерка Миреј Дарк, која иако заврши одамна, со неа беше во последните моменти од нејзиниот живот.

Актерката почина во август 2017 година, а таа и Делон останаа одлични пријатели и по завршувањето на нивната врска.

Во 1987 година, Делон ја запознал холандската манекенка Розали ван Бременс, со која ги поминал следните 15 години и имал две деца. Своевремено, додека беше во врска со Роми Шнајдер, имаше афера и со германскиот модел и пејач Нико со која го доби синот Ари, кој никогаш не го призна, ама неговото семејство го посвои. Тој почина на 60 години од предозирање со хероин. 

Познатиот заводник години подоцна призна дека жали што никогаш не се оженил со Роми.

„Таа беше големата љубов во мојот живот – првата, најсилната и, за жал, најтажната. Жал ми е што не се венчавме, но не сум сигурен дека тоа би ја променило нејзината судбина. Не сум сигурен дали би можеле да бидеме среќни. Роми пребрзо стана ѕвезда, многу пред да порасне. Не беше подготвена за слава, за тежината што ја носи оваа професија. Ја напаѓаа, ја осудуваа, и „го силуваа“ приватниот живот. Нејзиниот живот беше низа разочарувања, паузи и несреќи. Беше ужасно осамена. Знаев дека ќе умре од скршено срце“, рече Делон.

Кога Делон ја раскина нивната свршувачка во 1963 година, тој ја остави Роми со скршено срце. Сепак, и покрај раскинувањето, тие останаа блиски пријатели до крајот на нејзиниот живот. Делон често зборуваше за неа со голема почит и љубов, а нивната врска остана легендарна во филмскиот свет.

Нивната хемија на екранот беше очигледна и тие заедно глумеа во неколку филмови, вклучувајќи го и култниот класик „Базен“ (1969).

Роми Шнајдер често велеше дека Делон е нејзината најголема љубов. Родена како Розмари Магдалена Албах-Рети во 1938 година во Виена, таа беше една од најпознатите и најомилените актерки во своето време. Нејзината кариера започна во раните тинејџерски години, а светската слава ја стекна играјќи ја улогата на австриската царица Елизабета, позната како Сиси, во истоимената филмска трилогија од 1950-тите.

Роми имаше турбулентен приватен живот, исполнет со љубов, трагедии и борба со депресија.

Една од најголемите трагедии во нејзиниот живот беше смртта на нејзиниот син Давид, кој го имаше со германскиот актер и режисер Хари Мејен. Тој почина во 1981 година на 14-годишна возраст, откако случајно падна и ја повреди феморалната артерија додека се обидуваше да се качи преку ограда.

По смртта на нејзиниот син, Роми паднала во длабока депресија и почнала да консумира големи количини алкохол и седативи. Нејзиното ментално здравје значително се влоши.

Таа ја доживеа и загубата на својот прв сопруг, германскиот актер Хорст Бухолц.

Роми имала афери со Вили Брант, Семи Дејвис Џуниор, Луис Мигел Доминге, Луис Мал и многу други. Во 1975 година се омажила за Даниел Биазини, нејзиниот приватен секретар, се развеле во 1981 година. Нивната ќерка Сара е актерка.

Таа беше пронајдена мртва во нејзиниот стан во Париз на 29 мај 1982 година. Таа почина од срцев удар, некои би рекле од скршено срце, оставајќи зад себе богато филмско наследство. Таа беше погребана до нејзиниот син на гробиштата во Париз.

Делон стави хартија на нејзиниот ковчег на која пишуваше:

„Никогаш не си била толку убава“. Гледаш, сепак научив неколку зборови за тебе на германски – те сакам, љубов моја“.