Фарса во Собранието, свикаа вонредна седница за да не ги изгласаат изборните измени

Собранието на вонредна седница денеска гласаше за предлог измените на Изборниот законик со кои независните листи за советници и кандидати за градоначалници требаше да соберат потписи од 0.95 проценти од запишаните во Избирачкиот список за конкретната општина или Град Скопје.Во комисиската расправа по измените Левица поднесе амандман со кој процентот 0,95 се замени со 0.5 што беше прифатено од сите, освен од Европскиот фронт.
Откако предлог измените се вратија на пленарна седница, за нивно усвојување гласаа 66 пратеници додека 18 беа против, но во гласањето на немнозинските заедници, 11 гласаа „за“, а 18 пратеници „против“, со што предлог измените не беа усвоени.
Покрај процентот на потписи, една од измените предвидуваше и дефинирање на интернет порталите согласно Законот за медиуми.
Практично во Собранието се случи политички театар , односно се свика вонредна седница за да се остави привид дека се бара решение, а измените на Изборниот законик не се изгласаа. На претходни избори веќе се слулчуваа вакви свенарија, како тоа кога беше најавен договор за изборните реформи, но најавеното изгласување никогаш не се случи. Првиот круг од локалните избори е на 19 октомври, додека вториот е на втори ноември, така што неизвесноста како ќе учествуваат независните кандидати на изборите останува отворена. Идејата најверојатно е да има што повеќе независни кандидати и гласовите да се поделат толку многу – што нема да влезат во локалните совети.