„Фајзер“ лани, од вакцини, заработи 57 милијарди долари


 

Американскиот фармацевстски џин „Фајзер“ соопшти дека 2022 година ја заклучил со највисок приход откако е основан благодарение на вакцините и лековите за корона висруот, предупредувајќи воедно дека се очекува послаб резултат оваа година поради попуштање на заразата и залихите.

Приходот на „Фајзер“ лани порасна за 23 отсто, на 100,3 милијарди долари. Кога ќе се исклучи влијанието на валутните курсови, зголемени за 30 отсто, стои во нивниот бизнис извештај. кога ќе се излкучат вакцините против короната и лекот „пакскловид“, приходот на оваа фармацевтска компанија лани бил за два отсто поголем од 2021 година, ако се исклучат курсните варијации.

Приходот од вакцините против корона и „паксловид’ изннесува 56,7 милијарди долари. Нето добивката пораснала за 43 отсто, на 31,4 милијарди долари.

Во 2023 година, компанијата очекува значително понизок приход, во распон од 67 милијарди до 71 милијарда долари, поради тоа што заразата со корона вирус успорува и во многу земји се створија залихи од вакцини и лекови. Кога ќе се исклучат вакцините и лекот, приходот на „Фајзер“ оваа година би требало да порасне за 7 до 9 отсто, прилагоден за валутниот курс.

Извршниот директор Алберт Бурла, рече дека 2023 година би требало да биде преодна година за приходот на „Фајзер“ од корона, кој според проценките на комапнијата би требало да се лизне за 21,5 милијарди долари во 2023 година и повторно да порасне во 2024 година.