„Фајзер“ ги објави негативните реакции на вакцината – досега минимални


Експлицитна препорака дека, пред да се даде вакцина, сите приматели треба да се  консултираат со лекар, е содржана во упатството на вакцината „Комирнати“, произведена од „Фајзер“ и „Бионтек“, која почна да пристигнува во земјите членки на ЕУ. Во него стои исто така дека вакцината не треба да се користи доколку некое лице е алергично на активната супстанца содржана во неа или на која било од другите состојки во вакцината. Во продолжение се наведени  препораките, карактеристиките и можните несакани реакции од вакцината. 

 Вакцината против Ковид 19 по разредувањето содржи  30 микрограми MRNA,
хидроксибутил, азанедил, хексан, хексилдеканоат, полиетилен гликол, дитетрадецилацетамид, дистеароил-сн-глицеро-фосфохолин (DSPC); холестерол; калиум хлорид; калиум дихидроген фосфат; натриум хлорид; динатриум фосфат дихидрат; сахароза и  вода.

Во упатството стои дека може да се вакцинира против Ковид 19 и лице кое има „лесна треска или лесна инфекција на горниот респираторен систем, како што е настинка“. Вакцината не се препорачува за деца под 16-годишна возраст бидејќи безбедноста и ефикасноста на вакцината на оваа група сè уште не се утврдени и достапните податоци се ограничени, додека за бремените се жени не е утврден ризик, но се уште се вршат испитувања.Вакцина не можат да примат сепак тие што се инфицирани од Ковид 19 или што се во самоизолација поради изложеност на некој заразен. 

Во упатството нема одговор на едно од најчесто поставуваните прашања  од почетокот на пандемијата – каков имунитет има лице кое имало коронавирус и колку долго ќе трае заштитата од вакцината, доколку ја има? Како и при сите вакцини, вакцинацијата со две дози  може да не ги заштити целосно сите вакцинирани лица и наедно не е познато колку долго ќе бидат заштитени.Можните несакани реакции на првата одобрена вакцина се наведени според нивната фреквенција. Тие се наведени по овој редослед:

Многу чести несакани ефекти на повеќе од 1 од 10 лица
– на местото на инјектирање: болка, оток;
– замор
– главоболка
– болка во мускулите
– болки во зглобовите
– треска

Чести несакани ефекти на едно од 10 лица
– црвенило на местото на инјектирање
– гадење

Невообичаени несакани ефекти што можат да се појават на едно од 100 лица
– зголемени лимфни јазли
– малаксаност
– болка во екстремитетите
– несоница
– чешање на местото на инјектирање

Ретки несакани ефекти кои може да се појават на едно од 1.000 луѓе
– привремено еднострано опуштање на лицето

Не е познато (не може да се процени од достапните податоци)
– тешка алергиска реакција

По одмрзнувањето вакцината треба да се чува на -90 ° C до -60 ° C (во специјални фрижидери), заштитена од светлина. Откако ќе се стопи, може да стои до пет дена на 2 ° C до 8 ° C (во обичен фрижидер). Откако ќе се отстрани од обичниот фрижидер, вакцината може да стои до два часа на температура до 30 ° С. Ова создава дополнителни организациски предизвици за лекарите, бидејќи има пет дози во една вијала (кои мора да се разредат). Со други зборови, пет лица се вакцинираат со една вијала. Втората доза на вакцината се дава најмалку по 21 ден. Инјекцијата се става  во мускул на надлактицата.

Бугарскиот министер за здравство вечерва објави дека вакцините за оваа земја патуваат и ќе дојдат вечерта на 25  или утрото на 26 декември, а првата вакцина ќе биде дадена на 27 декември. Според него и тие што веќе биле инфицирани со Ковид 19 треба да се вакцинираат.