Фајнанс тинк: Во недела ќе престанат да работат 43 илјади вработени (Инфографика)
Според „Фајнанс тинк“, недела ќе биде неработен ден за околу 43 илјади вработени, кои сега работат во денот кој инаку е предвиден за одмор.
Оваа бројка е само 6 отсто од сите вработени, покажува Инфографиката која ја објави овој економски институт на нивната интернет страница.
Останатите 84 илјади работници кои работат во неделите, или ќе продолжат да работат затоа што работниот процес не може да се прекине, или затоа што работат нерегистрирана дејност, стои во Инфографиката.