Евросонг 2025: Објавен редоследот на изведувачи на полуфиналињата
Базел – Одржана е ждрепката за Евровизија 2025 година. Иако за редоследот ќе се одлучува подоцна, објавено е која земја во кое полуфинале ќе се натпреварува во Базел, Швајцарија.
Од земјите од регионот, Хрватска ќе настапи во вториот дел од првото полуфинале, а Словенија ќе пее во првиот дел од првото полуфинале. Србија ќе настапи во вториот дел од второто полуфинале, а Црногорците, враќајќи се на Евровизија, во првиот дел од второто полуфинале.
Македонија трета година по ред не учествува на Евросонг од финансиски причини.
На изборот за песна на Евровизија 2025 година учествуваат 37 земји. Швајцарија ја заслужи честа да биде домаќин на Евровизија 2025 откако Немо триумфираше на натпреварот во 2024 година со нивната песна „The Code“. Песната освои импресивни 591 поен, 365 од жирито и 226 од телевоутот, со што ја обезбеди првата победа на Швајцарија од 1988 година.
69-тото издание на Изборот за песна на Евровизија ќе се одржи во Базел на 13, 15 и 17 мај 2025 година.
Во првата полуфинална вечер ќе настапат и дел од претставниците на „големата петорка“ – Италија и Шпанија, како и домаќинот Швајцарија. Во втората полуфинална вечер ќе настапат и Франција, Германија и Велика Британија, кои исто така се дел од „големата петорка“. Сите одат директно во финалето. (ЕБУ)
Прво полуфинале (13 мај)
Прв дел:
Шведска
Украина
Словенија
Исланд
Естонија
Полска
Португалија.
Втор дел:
Холандија
Азербејџан
Албанија
Сан Марино
Белгија
Кипар
Хрватска
Норвешка.
Второ полуфинале (15 мај)
Прв дел:
Австрија
Литванија
Ерменија
Црна Гора
Грција
Ирска
Австралија
Латвија.
Втор дел:
Чешка
Израел
Малта
Финска
Данска
Луксембург
Грузија
Србија.