Европското јавно обвинителство ја истражува реконструкцијата на железничката станица во Нови Сад


Железничката станица за време на реконструкцијата

 Европското јавно обвинителство покрена истрага за можна злоупотреба на фондовите на ЕУ во врска со реконструкцијата на железничката станица во Нови Сад. Ова го соопшти лично европската главна обвинителка Лаура Ковеси.

Во уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември загинаа 16 лица. Оваа трагедија предизвика масовни протести во Србија, кои траат веќе четири месеци.

„Ако граѓаните на Србија го кренат својот глас против корупцијата, тоа е многу позитивен знак, бидејќи тоа значи дека ја разбираат сериозноста на прашањето и реагираат. Ако сакаат да живеат во чиста земја и да се борат за неа, мислам дека ова е најважниот развој што може да го има една земја“, изјави Ковеси за француската специјализирана публикација „Курир на Балканот“.

„Нашата задача е да истражиме како се потрошени средствата, дали се потрошени правилно и за кои цели се доделени. Затоа покренавме истрага во Србија. За да бидеме многу јасни, не го истражуваме инцидентот во Нови Сад или како загинале жртвите проект“, објасни Ковеси.

Србија е единствената земја кандидат која се уште нема потпишано работен договор со Европското јавно обвинителство.

„Не знам зошто сè уште не е склучен работниот договор. Тие самите треба да одговорат на ова прашање. Отворени сме за потпишување. Потпишавме договори со Украина, Молдавија, Грузија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Го чекаме и нивниот одговор, но можеме да соработуваме и без таков договор“, изјави европската главна обвинителка Лаура Ковеси.