Европските лидери се самоизолираа поради Макрон
Неколку лидери на ЕУ се изолираа откако беше објавено дека францускиот претседател Емануел Макрон бил позитивен на коронавирус.
Премиерот Жан Кастекс ќе биде во 7-дневен карантин бидејќи тој имал контакт со Макрон, иако досега не покажал никакви симптоми.
И сопругата на претседателот Брижит Макрон досега не покажала никакви симптоми, соопштија од нејзината канцеларија.
Под карантин е и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој во понеделникот се состанал со Макрон во Париз на состанок на Организацијата за безбедност и соработка во Европа. Тој во вторникот имал негативен тест за КОВИД-19.
И Шпанскиот премиер Педро Санчез присуствувал на истиот форум во Париз, па така и тој влегува во карантин.
На крајот на минатата недела, Макрон учествуваше на самитот на ЕУ во Брисел.
Белгискиот премиер Александар де Крој е тестиран и ќе биде во изолација се додека не се дознае резултатот. Сепак, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен нема да биде ставена во карантин, рече портпаролката.